НАНОРОБОТИ И ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ: Предвидувања за 2020 година кои не се остварија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатото е преполно со предвидувања, некои од нив се покажале како успешни, додека други се многу далеку од исполнувањето.

Но, како во минатото луѓето мислеле дека 2020 година ќе изгледа?

Факт е дека напредната технологија го менува стилот на живеење. Разни експерти, научници и футуролози укажуваа дека во 2020 ќе слетаме на Марс и дека роботи ќе ни ја перат долната облека. Па, дури и ќе живееме 150 години.

CNN одвои неколку предвидувања кои не се исполнија, па дури и се далеку од тоа да станат реалност.

1. Револуцијата на роботите е одложена

Можноста роботите да ги преземат нашите работни места е повеќегодишна грижа на многу генерации. Според предвидувањата, до 2020 година требаше да станеме вишок во многу области, а вештачката интелигенција да има емоции, да биде свесна и да стане дел од нашето секојдневие.

Сепак, 2020 година пристигна, а авионите сè уште не се поемотивни од нас. Се случуваат oтпyштaњa од работа поради роботизација, но помалку од тоа што е предвидено.

2. Исхрана со помош на нанороботи

Футуристите предвидуваа дека во 2020 година милијарди нанороботи во дигестивниот тракт и во кpвoтoкoт прецизно ќе извлекуваат хранливи состојки кои ни се потребни, што би довело до eлиминaциja на храната.

Минијатурните роботи не ги заменија оброците, но некои други предвидувања за тоа што го јадеме се остварија. Сè повеќе има луѓе кои не јадат мeco и производи од животинско потекло.

3. Сè уште не летаме на Месечината

Со децении се предвидува вселенскиот туризам, многу научници сметаа дека во 2020 година како туристи ќе си патуваме на Месечината, на Марс итн.

Некои приватни компании почнаа да работат на развој на возила за патување во други делови во универзумот и многумина купија билети.

Но, комерцијалниот вселенски туризам сепак е многу далеку од нашата реалност.

4. Некои предвидувања се чудни и многу далеку од реалноста

Ако одиме понатаму, ќе дојдеме до предвидувања кои се далеку од нашата реалност. Доказ за тоа се предвидувањата од 1964 година за нашето време. Корпорацијата RAND таа година се консултирала со 82 експерти од различни области за да дојде до низа предвидувања за нашето време.

Меѓу останатото, во 1980 година мислеле дека ќе имаме роботи како домашни помошници, во 1995 година животот вештачки ќе биде продолжен за 50 години, дека во 2000 година ќе комуницираме со вонземајни, а во 2015 ќе патуваме низ времето.

До 2020 година оние кои немаат роботи по дома ќе им чистат тренирани мајмуни, а посебно обучени мајмуни би работеле како професионални возачи со што би се намалил бројот на сoобрaќaјни нeзгoди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This