НАПАДНАТ ВО СОПСТВЕНИОТ ДОМ: Штипјанец бил нападнат во својот дом, го натепале па му ги земале парите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.Д. од Штип за сторено кривично дело – „разбојништво“.

На 06.06.2018 година околу 16,30 часот, во село Стар Караорман, штипско, во домот на 56-годишниот С.С., пријавениот, под дејство на алкохол, физички го нападнал С.С., при што му нанел телесни повреди и му одзел 8.000 денари.

Истиот ден, околу 17:50 часот во угостителскиот објект во село Стар Караорман оштетениот побарал од пријавениот да му ги врати парите, по М.Д. повторно физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This