НАТО СО ТАЕН ДОПИС ДО КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ: Српската војска има план за завземање на северот на Косово во рок од 48 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјално обучени единици на Српската војска можат во рок од 48 часа да го завземат северот на Косово, но и други мнозински српски средини во покраината – анализира воениот-аналитичар Мирослав Лазански. Оваа проценка, според Лазански, се наведува во строго доверлив допис кој НАТО стратезите во текот на изминатата недела го упатиле до политичарите во Косово

 

НАТО експертите во таен извешта наведуваат дека Србија има детално разработен план на делување во случај на евентуален обид на Албанците насилно да превземат контрола на северот. Тој план наводно се нарекува „Одлучен одговор“ и предвидува војската на Србија во брза операција „блитцкриг“ во рок од највеќе неколку часа да го завземат северот на покраина и со тенкови и оклопни возила да излезе на Ибар, односно на мост кој го дели северна од јужна Митровица.

– Понатамошниот тек на акцијата на српската војска би зависел од проценки на загрозеноста на српското население во овој дел на Косово. Српските офицери проценуваат дека нивната војска, со незначителни губитоци, да ги стават под контрола сите средини во кои живеат Срби. И нашата проценка е дека тоа би се случило. КФОР денес нема доволно ресурси да спречи ваква евентуална офанзива – се наведува во дописот кој е доставен до амбасада на една земја во Белград, тврди Лазански.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This