На 24 јуни 2021 година 12:00 часот, ул. 11 Октомври бр. 17, Скопје во Седиштето на Социјалистичка партија на Македонија се одржува јавната научна трибина која се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 160 години Зборник на народни песни(1861 – 2021г.) на браќата Миладиновци.
Пред 160 години во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на струшките браќа Димитар и Константин Миладинов, македонски преродбеници од 19 век.
Зборникот подоцна стана учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер.
Зборникот на Миладиновци е најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа. На 24 јуни 1861 година првите примероци од Зборникот излегле од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците.