НАЈБЛИСКИОТ ВЕШТАЧКИ ОБЈЕКТ ДО СОНЦЕТО: Соларната сонда „Паркер“ стана најблискиот вештачки објект до Сонцето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соларната сонда „Паркер“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), „Паркер“, стана вештачки објект кој најмногу се приближил до Сонцето, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на НАСА, вештачкиот сателит лансиран на 12 август, на 78. ден од своето патување стигна до точка на оддалеченост од 42,7 милиони километри од Сонцето, и со тоа го сруши рекордот на вештачкиот сателит „Helios 2“ од германско-американско производство, кој во 1976 година стигна до точка на оддалеченост од 42,8 милиони километри од Сонцето.

Овој сателит, со ракетата „Delta 4“ прозведена од страна на компанијата „Boeing“, беше лансиран од космодромот „Кејп Канаверал“, во американската сојузна држава Флорида, а за време на мисијата на набљудување која ќе трае 7 години, се планира да стигне до точка на оддалеченост од 6,16 милиони километри од површината на Сонцето.

Соларната сонда „Паркер“ во орбитата на Сонцето ќе биде изложена на температура од 1.370 степени Целзиусови.

Благодарение на топлинскиот штит од јаглероден композит со дебелина од 12 сантиметри кој е отпорен на сончевата радиоактивност и го покрива сателитот, внатрешната температура на сателитот ќе биде околу 30 степени Целзиусови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This