Со овој месец ја врзуваат повеќе трауматични настани од нејзиниот живот.
За српската пејачка Цеца Ражнатовиќ јануари е најтежок месец бидејќи ја врзува со повеќе трауматични настани од нејзиниот живот. На 15, јануари годинава навршуваат 19 години од смртта на нејзиниот споруг Жељко Ражњатовиќ Аркан, а таа вели дека иако минало многу време, датумите не се забораваат и секоја година станува се потешка.
Доаѓа јануари, па роденденот на Жељко, па годишнината од нашиот брак… Датумите не се забораваат, болката, стресот остануваат во тебе. Сметам дека на моите деца еден родител им беше неправедно одземен. За него слушнав се и сешто пред да го запознаам, а похрабро суштество од него се уште не сум запознала. Тој човек смееше се’! Како жената да не се заљуби во него. Но не беше само тоа во прашање, беше многу интелигентен. А кога требаше беше и многу нежен, вели Цеца за српски Телеграф.