ЕКОЛОШКА ХАВАРИЈА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Реката Грашница која се влева во Охридското езеро обоена виолетово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еколошки инцидент се случи денеска во Охрид, при што реката Грашница што се влева во Охридското Езеро од попладнево е обоена во виолетова боја.

Засега не се знае причината за загадувањето на водата во реката. Инспектор од Инспекторатот за заштита на животната средина излезе на терен, направи записник на состојбата, а најави дека е изготвена и поднесена соодветна пријава против непознат сторител.

Првичните информации укажуваат дека се работи за намерно испуштање недозволени материи во шахта на канализацискиот систем, што потоа се влева во реката.

Водата полека почна да се разбиструва, а се очекува екипа на Центарот за јавно здравје од Охрид да земе примероци од Грашница за анализа што ќе покаже за какво загадување станува збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This