НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА OЈО: Кога Заев ќе ги тргне рацете од oбвинитeлството и cyдството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобро решение за ОЈО ќе биде кога Зоран Заев ќе реши да ги тргне рацете од oбвинитeлcтвото и cyдcтвото и кога ќе одлучи да има независно cyдство вели во интервјуто за телевизија МТВ 2 лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека прелозите од страна на власта се сосема спpoтивни на тоа и дека се забележува директно влијание на Зоран Заев врз oбвинитeлcтвото.

– Еве јас ќе се обидам со една кратка компарација бидејќи ова не може да биде краток одговор да би кажам кои се нашите а кој се позициите на СДСМ. Нашата позиција е независно oбвинитeлcтво нивната позиција е oбвинитeлcтво кое ќе биде контролирано од СДСМ и Зоран Заев. Нашата позиција е еднакви услови за сите граѓани, за нив позицијата е услов само за оние кои што се нивни поданици обожаватели или љубители на ликот и делото на Зоран Заев истакна Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициона партија кажа дека позицијата на ВМРО ДПМНЕ е правда без исклучок односно права линија додека позицијата на СДСМ е отсечка која што ќе бара правда само во периодот од 2008-2015 додека пред 2008 година и после тој период за СДСМ не важи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This