„НАЈЗЛОБНИТЕ“ КОРПОРАЦИИ ВО СВЕТОТ: Погледнете колку од „најзлобните“ корпорации во светот има и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето компании стануваат успешни благодарение на нивната ѕвездена репутација. Но, не секогаш. RT Business истражуваше да ги пронајде најомразените компании на интернет.

Монсанто
Компанијата за која нема потреба од вовед, креаторот на DDT и Agent Orange, Монсанто е еден од најголемите светски производители на семенски пестициди и ГМО. Компанијата е позната е поради тоа што е првата компанија која генетски модифицира семе за да биде отпорно на пестициди и хербициди. Хербицидите на Монсанто се обвинуваат за уништување на милиони хектари насади, додека нејзините хемикалии се додадени во црните листи на производи кои предизвикуваат рак и многу други здравствени проблеми.

Апел
Некогашниот миленик на луѓето кои сакаат технологија а го мразат Мајкрософт, Апел е обвинуван за мобинг и давање на мали плати на своите вработени, криејќи пари офшор и не плаќање даноци. Исто така, беше обвинет за кршење на еколошките закони и злоупотреба на својата позиција на монопол на пазарот. И да, намерно забавувајќи ги постарите iPhone телефони и превисоки цени.

Нестле
Најголемата светска компанија за храна и пијалоци Нестле вели дека е посветена на подобрување на квалитетот на животот и придонес кон поздрава иднина. Меѓутоа постојат бројни скандали поврзани со компанијата меѓу кои имаше обвинување дека компанијата користела робови. Мултинационалната компанија е една од најбојкотираните корпорации во светот, бидејќи во своите фабрики во различни земји во континуитет се пријавувани повреди на работничките права.
Филип Морис
Производите на американската мултинационална компанија за производство на цигари и тутун се продаваат во повеќе од 180 земји надвор од САД. Филип Морис е сопственик на Марлборо, еден од најголемите светски брендови цигари. Во 1999 година, Филип Морис им се обрати на официјалните претставници на Чешката Република, објаснувајќи како пушењето всушност ќе им помогне на нивната економија, поради намалените трошоци за здравствена заштита од своите граѓани кои ќе умираат порано.

Мекдоналдс
Американската компанија за брза храна “Мекдоналдс” е основана во 1940 година. Компанијата им служи на повеќе клиенти секој ден од вкупното население во Велика Британија, но има долга историја на труење на своите потрошувачи. Корпорацијата постојано е под напади бидејќи служи нездрава брза храна, што придонесува за здравствени проблеми. Истражувачите откриле дека хамбургерите на Мекдоналдс не можат сами да се распаѓаат.

Омразени компании кои не се доволно злобни да бидат дел од топ листата:

Голдман Сакс
JPMorgan Chase
ExxonMobil
Halliburton
Бритиш Американ Тобако
Dow Chemical
DuPont
Баер
Мајкрософт
Google
Фејсбук
Амазон
Walmart

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This