Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство од досега пребројаните гласови, дознава КУРИР од свои извори.
Според она што досега е обработено, Силјановска има 163.424, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 161.457 гласа.
Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…
Според преброените гласови, Силјановска Давкова веќе победила во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров