На Албанците од Приштина не им веруваме ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Србија може привремено да ја запре кампањата за повлекување на признавањето само доколку Приштина ја прекине кампањата за признавање и членството во меѓународни организации”, изјави срспкиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ, коментирајќи го соопштението на Ричард Гренел, дека добил уверување од Белград кампањата за повлекување на признавањето ќе биде привремено запрена, а од Приштина дека ќе престанат нејзините барања за членство во меѓународнитеорганизации, додаде дека проблем е во тоа што „ние ништо не им веруваме на Албанците во Приштина.”

-Ако е точно тоа што специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел го објави на Твитер, тоа значи дека тој добил уверување од Приштина дека ќе ја запре кампањата за признавање на Косово и барањата за членство во меѓународни организации, а тоа беше ставот на Србија кој со години го изнесуваше претседателот Александар Вучиќ, изјави Дачиќ.

Во изјавата по повод најавата на Гренел, Дачиќ потврди дека Србија би можела привремено да ја прекине кампањата за повлекување на признавањата само доколку Приштина запре со кампањата за признавање и зачленување во меѓународните организации.

-Проблемот е, сепак, во тоа што ништо не им веруваме на Албанците во Приштина, затоа што секогаш лажеа и влечеа еднострани потези. Како кога го потпишаа Бриселскиот договор, а веќе седум години одбиваат да ја формираат Заедницата на српски општини, кажа Дачиќ.

Тој оцени дека Белград очекува Приштина веднаш да ги повлече барањата за членство што ги доставила до меѓународните организации.

-Како што направија пред една недела во Еуромаж, организација под покровителство на Советот на Европа. Тогаш ќе видиме дали се сериозни, или ова е уште еден трик, кажа Дачиќ.

Гренел на Твитер објави дека добил уверување од владите во Приштина и во Белград дека кампањите за признавање и повлекување ќе бидат привремено запрени, така што претставниците на двете страни би можеле да се сретнат на 27 јуни во Вашингтон, каде би разговарале за дијалогот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This