На Ердоган му се зakaнува соборувaње, тврди поранешниот турски премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу изјави дека на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се заканува соборување под влијание на силите одговорни за пучот во февруари 1997 година.

„Ердоган сега е под влијание на силите што го организираа пучот на 28 февруари 1997 година. За жал, тој им дава поддршката. Тоа му го кажав додека сè уште бев во партијата (владејачката Партија на правдата и развојот). Ова е тактиката на ФЕТО (како што се нарекува организацијата на опозицискиот исламски проповедник Фетула Ѓулен во Анкара). Само однадвор, се чини дека земјата ја управува Ердоган. Во следната фаза ќе го соборат Ердоган“, напиша Давутоглу на Твитер.

Според него, тие сили сега ја користат моќта на Ердоган, со намера да го отстранат и да ја преземат власта во свои раце, по што конзервативците нема да можат да одат со кренати глави“.

Давутоглу беше премиер на Турција од 2014 до 2016 година и претседател на Партијата за правда и развој. Во декември 2019 година тој ја формираше опозициската Партија за иднината, чии приоритети се борбата за враќање во парламентарниот систем, секуларизмот и почитувањето на принципите на Ататурк.

Турските власти ја обвинуваат организацијата Фетулах Ѓулен, наречен ФETO, за вмешаност во обидот за државен удар во јули 2016. Во тоа време во Турција беа уапсени повеќе од 80 000 луѓе, а беа отпуштени над 160 000 државни службеници, вклучително и војници. Ѓулен, кој е во Америка, го осуди обидот за државен удар и ги отфрли обвинувањата против него.

Во февруари 1997 година, врвните турски воени претставници издадоа меморандум со кој се гарантира дека земјата ќе ги почитува принципите на основачот на Турската Република Мустафа Кемал Ататурк. Под притисок на војската, тогашниот премиер, основачот на Исламската партија за благосостојба, Неџметин Ербакан, беше принуден да потпише меморандум. Армијата не го распушти парламентот и не го суспендираше Уставот, но по четири месеци, Ербакан беше принуден да поднесе оставка, а неговата партија беше распуштена. Политичкиот прогон не ги одмина ниту од членовите на партијата на Ербакан, тогашниот градоначалник на Истанбул и денешниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This