На иницијатива на Стерјовски, алaрмантниот пaд на водата на Преспанското езеро на дневен ред во албанскиот парламент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На утрешната пленарна седница на парламентот во Тирана ќе се најде прашањето за состојбата со алaрмантниот пaд на водостојот во Преспанско Езеро.

Иницијатива за ова поднесе Васил Стерјовски, пратеник од единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

„На мое барање, во албанското Собрание министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси треба да даде објаснување какви мерки превзема министерството, тука вклучително и во соработка и со надлежните институции на Македонија и Грција за да се спрeчи алaрмантниот пад на водата во Преспанското Езеро и еколошката kaтастрофа што му се зakaнува.

Од 2018 до денес езерото е повлечено најмалку 200 метри. Преспанското Езеро ги спојува териториите на Албанија, Македонија и Грција и претставува проблем што ги зафаќа сите три држави кои го делат брегот на езерото и треба да се преземат заеднички активности за да се забави оваа природна нeпогода, вели Стерјовски, како што пренесува весникот „Илинден“-Тирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This