На Кожув во тек е спacувачка мисија: Се трага по двајца гевгеличани кои се 3aгубиле во планината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Кожув во тек е спасувачка операција по двајца гевгеличани на возраст од околу 70 години кои денеска се изгубиле во планината. Алармот за нив го вклучил синот на еден од нив кој пријавил во полиција, откако при последниот контакт околу 17 часот му рекол дека заедно со пријатело се загубени во месноста Круша.

Од тој момент, телефонот на неговиот татко е недостапен за што се претпоставуваат две причини – празна батерија или лоша мрежна покриеност на подрачјето.

Во мисијата за пронаоѓање на двајцата гевгеличани кои излегле на планинска прошетка се вклучени припадници на полицијата, на шумската полиција и ловџии ккои добро ја познаваат и месноста Круша и планината Кожув.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This