На лагите на Филипче им нема крај, одговорност мора да има

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На лагите на Филипче им нема крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешното гостување на министерот Венко Филипче во вестите на ТВ Сител.

Велеа дека ќе вакцинирале по две илјади лица на ден и имале план за вакцинација. Сега Филипче вели дневно ќе вакцинираат од 300 до 400 лица. Велеа дека ќе има вакцини од Бугарија, од Грција, од КОВАКС, се чекаат и кинеските, и оние од наводниот договор со Фајзер,се вели во нивната реакција.

Единствено нешто што направија ја земаа донацијата од Србија и тоа не сите осум илјади, туку нешто повеќе од четири илјади вакцини.

И во земјава ги има само тие вакцини од Србија. Нема ниту термин која би била следната тура вакцини и кога. Филипче ништо не знае, ама вели требало да има континуитет во вакцинирањето.

Дали бројката на лица кои дневно ќе се вакцинираат се намали за да одржат контиуитет? Дали немаат капацитет да вакцинираат повеќе лица дневно?

Има многу лаги, многу неодговорени прашања.

За ова мора да има одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This