НА ЛAГATA И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ: Ребалансот на буџетот ги отвара очите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата е при крај на својот мандат, а градоначалниците веќе го ситнат престојот во удобните фотелји. Меѓутоа, освен на медиумите, никаде на друго место не видовме рализација на капитални проекти и инвестиции во насока на подобрување на животот на граѓаните. И додека во време на ВМРО-ДПМНЕ се градеше и надвор од програмите со предвидени проекти, во мандатот на СДСМ не се исполнуваат ниту дадените ветувања.


Ребалансот на буџетот ги отвара очите на граѓаните и докажува дека на лагата и‘ се кратки нозете. Втора година по ред не се одобруваат средства за проекти, кои се ветени со програмите “За живот” на општинските татковци. Иако со рокови, сепак проектите кои се од витално значење не се одобруваат за финансирање од државната каса.

Пример за тоа е патот од Пробиштип до Пониква, кој градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов очигледно нема интерес да го реализира. Исто ги снајде и обиколниците околу Прилеп, кои иако беа ветени од градоначалникот Илија Јованоски, сепак не се предвидени за оваа година.

Благој Бочварски ветуваше катни гаражи во Штип за решавање на сообраќајниот хаос, меѓутоа втора година по ред не успева да ги изгради. Вељуса уште долго време ќе остане без канализација, затоа што градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски не успева да излобира средства за да се се оствари неговото програмско ветување. А Аеродром очигледно е далеку од гасификација, затоа што за Златко Марин средства со ребалансот бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои за жал се одбиени.

Вакви примери има многу. Очигледно само лаги и невистини има во програмите на сите градски татковци, затоа што проектите не се реализираат, затоа што државата не предвидува средства за нивно остварување.
 

 

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=131814311531810&id=105448400835068

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This