April 28, 2024, 11:07 am

На Мајорка повеќе од 600 студенти 3аpa3eни со koBид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите на шпанскиот остров Мајорка соопштија дека повеќе од 600 студенти кои го прославиле крајот на школувањето се заразени со коронавирусот, во време кога се очекува да пристигнат британски туристи.

Студентите кои дошле на Мајорка од континентална Шпанија присуствувале на музички настапи во Палма де Мајорка, забави на бродови и хотели. Властите најавија истрага за време на која имаат намера да утврдат дали се исполнети сите превентивни анти-епидемиолошки мерки.

Сите студенти кои биле позитивни на тестот пристигнале во Мајорка од различни делови на Шпанија за да го прослават крајот на универзитетската година.

Најмалку илјада од нив биле испратени во изолација и откриено е дека голем број тинејџери имаат лесни симптоми на ковид-19.

По речиси една година строги рестриктивни, анти-епидемиолошки мерки, на Шпанците сега им е дозволено да останат на отворено без заштитни маски, додека во затворен простор се уште е задолжително да се носат маски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This