НА НАША СМЕТКА: Општински советници јаделе, пиеле, не доаѓале на седници, а земале пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Ѓорче Петров доби неповолно мислење од државните ревизори за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2017 година. Ревизијата откри дека пред две години локалната власт исплатила 294 илјади денари на челнови на општинскиот совет иако воопшто не се појавувале на седници. Спротивно на Законот за плата и надоместоци, советниците иако не доаѓале, сепак пари за присуство наплатувале од општинската каса, пренесува Алсат.


Државен завод за ревизија:

Исплатата се врши врз основ на месечни списоци за исплата изготвени од страна на претседателот на Советот, за сите советници без да се земат предвид евиденционите листи за присуство на седниците. Исплатите кои не се усогласени со законските прописи придонесуваат за незаконско и ненаменско трошење на буџетски средства“

Во март 2017 – та членовите на Советот на Ѓорче Петров си донеле одлука без надомест сами на себе да си ги подарат 23 службени лап – топ компјутерите и 23 – те мобилни телефони.

Државен завод за ревизија:

Донесената одлука на Советот на Општината не е во согласност со Законот за располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост како и со член 64 и 66 од Законот за локална самоуправа. Ваквото постапување има за ефект носење на одлука штетна по имотот на општината, за лични цели“

За 2017 година, општината потрошила над 42 илјади евра за хотелско сместување на гости, коктели, прослави, кетеринзи и ресторани. Десет илјади евра за кафеани потрошиле членовите на советот додека за службени ручеци за потребите на градоначалникот потрошени се 2.700 евра.

Државен завод за ревизија:

Општината нема донесено интерен акт со кој ќе се регулира правото, начинот и постапката на користење на хотелско угостителски услуги и поводот за користење на репрезентација“

Општината потрошила околу 10 илјади евра за телевизиско рекламирање на Ѓорче Петров. Склучиле договор со две локални телевизии. Но ревизијата не се уверила во реалноста на трошоците бидејќи локалната власт не ја потврдила со докази веродостојноста на фактурите бидејќи не биле доставени медија планови. Ревизорите навеле дека наодите во извештајот се одговорност на поранешниот градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Сокол Митровски и сегашниот од СДСМ, Александар Наумовски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This