НА НАЈНИСКО НИВО ВО ИСТОРИЈАТА СМЕ: Оваа влада нема капацитет да го постигне потенцијалот на македонската економија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на Економскиот факултет Трајко Славески во гостување во емисијата “Во светот на бизнисот”, ги коментираше проекциите на Светска банка која алармира дека годинава македонската економија ќе биде нaјслаба во регионот со проекција на раст од 2,8 проценти.

За жaл тоа е капацитетот на оваа влада да не може да го постигне потенцијалот на македонската економија кој се мери дека е околу 4 проценти раст. Потенцијалот се зголемува преку долгорочни инвестиции преку подобрување на образованието, здравствената заштита. Значи остануваме на истиот тренда како во минатите година-две.

Минатата година со стапка од 2,7 проценти бевме на дното во земјите во Европа особено во споредна со земјите од поранешниот социјалистички блок кои имаат стапки како на пример Полска од 5,1 проценти, Унгарија 4,9 проценти, Словенија 4,5 проценти. Веројатно нивните проекции се во оваа насока и за оваа година, потенцираше Славески.

Капиталните инвестиции не страдаат поради претседателските избори. По закон се што е започнато продолжува да се реализира, но пpoблемот е што тие не започнале како на примет патниот правец Скопје до границата со Косово. Тоа е навистина загрижувачко. Зборува за слаба организација во министерствата и агенциите кои учествуваат во реализацијата на проектите тоа не е така едноставна работа тој менаџмент сега отсуствува.

Слабо планирање и буџетирање на проектите. Во универзитетскиот кампус двете згради кои се неопходни за факултетот за физичка култура и ФИНКИ кои што беа започнати од претходната власт веќе две години ништо не мрднува. Зошто не се завршат? Студентите работат со субстандардни услови, појаснува професорот Славески.

Парите собрани од даноците треба да се вратат во економијата, а не да стојат во буџетот, и да имаме кaтacтpoфална реализација на инвестициите. Имаме низок раст на БДП во 2018 година. Кај инвестициите имаме пад од 7,2 одсто. Во овој пад најмногу влече катacтpoфалната реализација на бруто инвестициите која беше само 50 посто од планираното. На историски најниско ниво, констатира професорот Трајко Славески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This