НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ ПЕТАР: Папата Франциско со молитва против коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Се молам за луѓето кои се заразиле со вирусот во Кина. Господи, прими ги во мир починатите, утеши ги семејствата на умрените и помогни им на кинеските власти во нивната борба против заразата “, се помоли поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во денешната проповед пред верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесе „Vatican News“.

Кинеските власти на крајот на декември ја алармираа Светската здравствена организација за појава на досега непознат вирус во Вухан, лоциран во централниот дел на земјата. Потоа, експертите ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Покрај заразените и 56 починати во Кина, вирусот се проширил и во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Франција, Австралија и Малезија.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This