НА ПОВИДОК ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА: Експлозија во хемиска фабрика во Франција, тројца повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експлозијата се случи во општината на Сент Џулиен ду Вердон во источна Франција беше проследено со огромен пожар, кој беше ставен под контрола за кратко време, според извештаите на медиумите.

Најмалку три лица се здобиле со сериозни повреди во фабриката Соперема во Франција, објави Франс Инфо.

Персоналот на фабриката го изгаснал пожарот пред противпожарни бригади да пристигнат.

Сите вработени биле накратко евакуирани, а околу фабриката била поставена огромна безбедносна зона. Според телевизискиот канал БФМ, инцидентот се случил за време на закажаната проверка на одржување на една од хемиските единици. Фабриката, која произведува различни материјали за изолација, наводно, е на листата на најопасните хемиски фабрики.

Истрагата е покрената во случајот.

Сопрема, е основана во 1908 година, има 59 производствени погони, вклучувајќи 22 фабрики кој произведуваат водоотпорни материјали, 19 фабрики кои произведуваат материјали за изолација, и една геотекстилна фабрика.

Сопрема во моментов вработува 6.892 луѓе во 51 фабрика, од кои 15 се наоѓаат во Франција, како и 60 подружници, а соработува со 4.000 дистрибутери, и продажба од 2.32 милијарди евра, според проценките од 2016 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This