На пpeминoт “Mopинa” yaпceн мaкeдoнcки дpжaвjaнин бapaн co мeѓyнapoднa пoтepницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, кај Кукс, уапси македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти.

Според полициското соопштение, по М.А.(32) била распишана меѓународна потерница за кривично дело „рабојништво“.

-За време на обработката и верификацијата на податоците во системот, при влез на албанска терторија, М.А.(32) се покажа како меѓународно бараното лице од Интерпол Македонија, откако Обвинителството на Кичево, Македонија, издало меѓународна потерница за него, за кривично дело „разбојништво“, соопштува полицијата.

По истражните дејствија, Секторот за истрага на криминал во Кукс издал налог за привремено апсење, а во соработка со Обвинителството на Кукс и Интрепол Тирана се преземаат со закон предвидените активности, по што М.А. ќе биде екстрадиран во македонската држава, врз основа на „Европската конвенција за екстрадиција“ од 1957. Минатиот месец албанската полиција на истиот граничен премин со уапси македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти, за кривични дела-разбојништва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This