НА САШО ТАСЕВСКИ МУ ПУKHA ФИЛМОТ: Државата на големо се редефинира, апетитот само ќе расте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апетитот само ќе расте и ќе расте. Полека ќе ги менуваат сите топоними, не само на училиштата. Државата веќе се редефинира во полн ек.

Работата е што простичките богобојажливи и глупи Македонци тоа со години го гледаат со очи широко затворени и го оправдуваат со некои празни приказни за соживот. Не постои такво нешто. Не на Балканот. Никогаш не постоело. До таму се отидени што и на факинг Бубамара бараат награди по етнички клуч. За правична етничка застапеност. И тоа за награди кои не се парично поткрепени. Е до таму се отидени.

А вие лигајци од ен-џи- о и вие проевропејци напикани во СДСМ, толку не гледате дека подмочуваат и обележуваат територии на секој чекор? Дека влегуваат каде стигнат? Толку сте слепи? Знаете тоа каде води? Ќе ви ја земат секоја педа кога ќе чукне часот на поделбата и кантонизацијата.. . Или како и да ќе го наречат тоа вашите другарчиња од ЕУ и САД.

Не е ова националистичка објава, не се трудете да ја коментирате како таква. Кој ме знае, дали бил Албанец или Марсовец, знае дека не е. Ова е апел да сопрете и да ги отворите очите. А доколку свесно го дозволувате ова, ќе платите страотна цена и секој од вас поединечно и сите ние со вас колективно. Глупаци сте жедни за власт, ништо друго.

Пред нос, дома, ви никнуваат разни партии финансирани од соседни држави кои не и мислат добро на оваа држава, кои сега ќе излезат на изборите и ќе влезат во парламентот, а вие се кезите во духот на новите европски вредности, чунким едно семејство сме, гс и гаќи со секого. Не сте ни свесни во каква драма набрзо ќе го турнете македонскиот народ. Политички проститутки, тоа сте вие.
 

 

Апетитот само ќе расте и ќе расте. Полека ќе ги менуваат сите топоними, не само на училиштата.Државата веќе се…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, March 2, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This