На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер: Наместо да троши 200 илјади евра за новогодишно украсување, Шилегов да ги донира за купување лаптопи за учениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира на одлуката на градоначалникот, Петре Шилегов, да распише тендер за новогодишно украсување.

Како што велат советниците, во време кога секојдневно умираат луѓе од епидемијата на корона вирусот, не е време да се размислува за новогодишни забави.

На расипничкото и безобѕирно трошење на парите на скопјани треба да се стави крај. Имено во деновите кога градот Скопје е најпогоден град од Корона заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава.

Воедно тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди.

Затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бараме прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно наставата – велат од советничката група.

Оттаму потенцираат дека состојбата во Македонија најмалку е погодна за забава во време кога илјадници граѓани се борат за живот.

Кога Петре Шилегов можеше да ја помине првата година од мандатот без новогодишна прослава поради тоа што воздухот беше загаден, сега бараме не само поради загадениот воздух туку и поради тоа што Скопје е најпогодениот град во државата од корона кризата.

Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави.

На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер – реагираат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This