На татко ми не му беше сеедно: Сара Мејс си ја отвори душата „На терапија“

Поврзано

- Advertisement -
Првата тема на која се дискутираше со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“
- Advertisement -

Сара и Елена не се штедеа да ја отворат душата и да ги откријат пред јавноста своите длабоки емоции, ставови и навики во бракот.

Сара која од неодамна е во брачна заедница со водителот Димитар Атанасовски, раскажа дека не чувствувала пресија од најблиските кога е бракот во прашање, бидејќи со Димитар живееја заедно и пред да станат брачни партнери пред законот и пред Бога.

Таа вели дека иако нејзиниот татко не се противел да живеат заедно како момче и девојка, сепак не му било сеедно за тоа, а заклучила откако му кажала дека ќе се мажи.

-Кога Димитар ме побара за жена, за мене беше комплетно изненадување. Кога сфатив дека е сериозен,  мојата рекција беше: ама срце јас сум многу мала. Сепак, не чувствував притисок од најблиските, а татко ми ми кажа „епа фала богу“ откако му соопштив дека кажав „да“.

Во продолжение можете да ја погледнете целосната дискусија од терапијата на Елена Стојановска и Сара Мејс.

Извор: Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This