НЕВЕНКА СТАМЕНКОВСКА: Кога мерната станица во Гази Баба ќе профункционира!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија, посочи дека не е задоволна од одговорот што го има поставено до Министерството за животна средина за мерната станица во Гази Баба.

Бидејќи во рамки на прашањето кое што го поставила барала дури и гаранција дека мерната станица во Гази Баба ќе биде поправена и во рамки на овој писмен одговор да добие гаранција кога мерната станица ќе биде поправена.

-Она што го добив како одговор, кој што стигна вчера е дека мерната станица во Битола сте ја поправиле, дека била некое време надвор од употреба и дека сте ја поправиле. Но гаранција ниту одговор кога мерната станица во Гази Баба конечно ќе профункционира нема, нагласи Стаменковска.

Стаменковска замоли да не и се одговора колку и како Министерството за животна средина работи на подобрување на воздухот, бидејќи и тоа не е напишано туку само со една реченица стои дека работат на подобрување на квалитетот на воздухот. Што, за неа, не е доволно.

-Кога мерната станица во Гази Баба ќе профункционира, побара одговор Стаменковска од министерството.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This