Неверојатна пештера до која морате да се пробивате 10. километри низ џунгла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пештерата се наоѓа во Националниот парк Пхонг На – Ке Банг, а за да дојдете до неа ве чекаат 10. километри прошетка низ густата виетнамска џунгла, при што ќе минувате потоци, долини и брда, а благодарение на недопрената природа, ќе помислите дека сте се вратиле во некои дамнешни,праисториски времиња.
Ханг Ен се смета за трета најголема пештера во светот, после Ханг Сон Донг во Виетнам и Дип Кејв во Малезија. Својот назив го добила по илјадниците птици кои таму живеат. Иако локалното население веќе со векови ја користи за криење од олуи, на „надворешниот свет“ му станала позната дури во 1994. година кога „ја откриле“ Британците.

Хан Ен настанала пред 3. милиони години, кога варовничка карпа во планината Анамита ја изрезбарила реката Туонг, а тоа се случува и денес кога реката буи за време на дождовните сезони.

Пештерата се наоѓа во Националниот парк Пхонг На – Ке Банг, а за да дојдете до неа ве чекаат 10. километри прошетка низ густата виетнамска џунгла, при што ќе минувате потоци, долини и брда, а благодарение на недопрената природа, ќе помислите дека сте се вратиле во некои дамнешни,праисториски времиња.На патот ќе го минете и селото Бан Доинг во кое живеат само околу 40. тина жители, инаку изолирани од светот.

Пештерата Ханг Ен е долга повеќе од 2. километри, со 3. влезови од кои најголемиот и највисокиот е повисок од 120. а широк 140. метри. Некои комори се поголеми и од 180. а високи стотици метри. Во една од нив е опремен и простор за кампирање каде можете да минете ноќ покрај езеро во кое можете и да се искапете.
Инаку, авантурата до оваа пештера чини околу 2.500 евра

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This