НЕВЛАДИНИТЕ СЕГА НИГДЕ ГИ НЕМА:Богоев уништува огромни зелени површини – Исечени 30 дрва во Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стефан Богоев од утрово врши масовна сеча на дрва на потегот од Партизанска во  Карпош 3  до Лептокарија . Карпошани се загрижени за масовната  сеча на зеленилото во нивната општина. Богоев пред локалните избори ветуваше дека ќе се залага за зачување на зеленилото во општина Карпош, сега гледаме како немилосрдно сече огромни површини зеленило во општината.

Исечени се дрвја кои според староста немало потреба да бидат сечени и можеле да бидат лекувани, велат експертите. Додека градот се гуши во смог и нечист воздух кој секојдневно руши рекорди, властите наместо да се зафатат со садење на нови дрвја ги сечат постоечките.

По масовната сеча, нема никава реакција од невладините организации, кои на секоја исечена грмушка се јавуваа со реакции и барања за оставка на градоначалниците.

Карпошани се револтирани и гневни на Богоев, кој ги изманипулира во предизборниот период ветувајќи повеќе зелени површина и голем број на нови садници.

Имено Богоев своевремено го обвинуваше неговиот претходник, Јакимовски, за негрижата на зеленилото и дрвјата, за да денес исече 30 стебла, бројка која неговиот претходник не ја достигнал ни со сеча за цела година.

Граѓаните на дело го гледаат сето лицемерие на градоначалниците на СДСМ, партија која своевремено бараше оставка од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за исечена грмушка, за сега нејзините функционери да вршат масовни сечи на млади дрвја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This