Невреме со cилен дожд го зафати кичевскиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна попладнево Кичево и Кичевско ги зафати силно невреме проследено со силен ветер од северен правец и дожд, а во пократок период и град.
За час, градските улици се претворија во вистински реки, сообраќајот се одвиваше отежнато, а беше невозможно пешаците да се движат од силните млазеви на вода кои ги создаваа автомобилите при побрзо движење.
– По подолго време конечно заврна дожд и во нашиот град и регион. Силниот ветер и дождот можеа да направат многу штета, но за среќа беа нешто пократки, а градот кој почна да паѓа за час престана и ги спаси зеленчукот и овошјето од поголеми штети. Овој дожд барем накратко го симна од дневен ред прашањето на пожарите во нашиот регион, кои за наша среќа речиси и ги нема. Во нашата населба која е на најниска кота во градот, од силниот дожд се наполни со вода улицата во нејзиниот средишен дел, изјави Петре Тренески, жител на Кичево

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This