НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Овните влегуваат во тајна врска, лоша недела за Рибите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата година е пред вратата, а со тоа и неделен хороскоп, од понеделник до недела. Јупитер во Скорпија и Сатурн во Јарец силно влијаат на скоро сите хороскопски знаци. Навидум спротивставени сили, едното претставува изобилство, а другиот потежок и побавен пат, тие можат да направат исклучителна комбинација. Добар почеток на годината ако имате натален Јупитер, Венера, Меркур, Марс, под, оската на седмото, десеттото или четвртото астролошко поле во Скорпија. Прочитајте што ни носи неделниот хороскоп од 30. декември 2019 година до 5. јануари 2020 година.

 

 

 

Овен
Ве следи бавна деловна состојба за време на празниците. Нема да имате многу зобврски. Можна е некоја тајна врска во љубовта. Во здравсјето, ќе бидете склони кон проблеми со несоница, но и со загуба на енергија, хроничен замор и проблеми со циркулацијата и срцето.

Бик
Може да очекувате опуштена атмосфера на работа. Прославете ги празниците и немојте да се замарате со работата. Љубовта може да ви дојде преку пријатели или познаници. Ве чека солидна состојба на полето на здравјето. Обично се чувствувате добро во вашата кожа, но не сте задоволни со периодот на напор.

Близнаци
Имате одредена несигурност за работата, ви пречи што немате конкретни решенија. Во областа на љубовта, имате недоверба во вашата сакана личност и затоа станувате некако дистанцирани. Кога станува збор за здравјето, внимавајте на можните проблеми со грбот и ‘рбетот и не кревајте тешки предмети.

Рак
Можно е да имате некои големи планови за деловно работење, по празниците. Во љубовта можеби имате некоја врска сона далечина која носи многу романса. Во областа на здравјето, имате фаза каде што може да имате некои чудни симптоми или погрешно дијагностицирање, затоа внимавајте на себе.

Лав
Ќе имате многу трошоци во овој период и нема да бидете претерано задоволни со финансиите. Кога станува збор за полето на љубовта, се соочувате со неизвесна состојба со вашата сакана личност. Во здравјето, ќе бидете во фаза каде ќе бидете склони кон проблеми со урогениталниот тракт. Избегнувајте алкохол и други пороци.

Девица
Може да очекувате дека на полето на работата ќе видите нестабилна состојба. Некој договор нема да биде испочитуван. Во областа на љубовта, се сомневате во врска со партнерот кој делува чудно. Кога станува збор за здравјето, можно е да бидете склони кон алергии или проблеми со дишните патишта.

Вага
И покрај тоа што празниците се пред вас, имате многу работа и обврски и недостаток на мотивација да им се посветите. Во областа на љубовта, вие сте во одредена тажна фаза или оддалеченост од партнерот. имате многу проблеми и во здравјето. Падот на имунитетот може да биде доста изразен, како и дигестивни проблеми.

Скорпија
Пред вас е многу слободно време, за време на празниците ќе уживате на сите полиња. Кога станува збор за љубовта, опиени сте со занесот кон личноста која ви се допаѓа. Во принцип, сè треба да биде во ред со вашето здравје. Сега немате индикации за поголеми промени на ова поле.

Стрелец
Кога станува збор за работата, можно е да имате некои помали проблеми оваа недела. Во областа на љубовта, сакате важни промени со личноста за која се грижите, фантазирате за заедницата. Кога станува збор за здравјето, склони сте на проблеми со бешиката, градите и јајниците и проблеми со долниот дел на стомакот.

Јарец
Ве очекува период во кој планирате да остварите нови деловни контакти. Во областа на љубовта, ќе доживеете мали проблеми во комуникацијата со лицето за кое се грижите. Во однос на здравјето, ќе бидете склони кон настинки, вируси, грип и респираторни проблеми.

Водолија
Очекувате подобрување во областа на финансиите, но исто така и некои трошоци, потоа. Кога станува збор за љубовта, сега ви е многу тешко да направите стабилна и сериозна врска. Во областа на здравјето, можни се хормонални проблеми, како и проблеми со тироидната жлезда или грлото, кои исто така би можеле да бидат чувствителни за вас.

Риби
Не е добра недела на работа за вас, па подобро да се воздржите од носење нови одлуки. Кога станува збор за љубовта, имате впечаток дека некој близок не може да ги исполни сите ваши желби. Во областа на здравсјето, ќе имате период во кој ќе имате проблеми со главоболки, очи, синуси и можна вртоглавица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This