Независна листа „Поинаку“-Битола: Бopбaта за заштита на животните е секојдневна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на листата кандидати за членови на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска потпиша Меморандум за соработка со Здружението за заштита на животните и животната средина Бибески, со кој се обврза за секојдневна борба за заштита на животните.
Според Илиевска, денот на заштита на животните не е датум за прослава, туку за специфични добри дела и со таа мисла делуваат сите оние кои борбата за заштита на животните ја водат секојдневно.

-Денес во духот на денот кој се одбележува насекаде низ светот, Поинаку и Здружението за заштита на животните и животната средина Бибевски, потпишаа Меморандум за соработка, како круна да неколкугодишното заедничко работење. И двете страни се согласни дека иако во предизборната кампања акцентот е ставен на изградба на стационар за бездомни животни, борбата треба да се води на повеќе полиња. Со Меморандумот покрај досегашните активности, предвидена е и институцинална борба за заштита на животните, иницирање на постапка за измена и дополнување на постоечкиот Закон за заштита и благосостојба на животните, примена на стратегија за масовна стерилизација, одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни и инволвирање на здружението во управувањето и работењето на стационарите и Зоолошката градина во Битола, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно, истакна Илиевска.
Заштитата на животните во Битола не може да биде во фокусот само за време на политичка кампања, а да не постои во реалноста, соопштија од Поинаку

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This