НЕКОЈ ЌЕ СЕ „ОМРСИ“ ОД ПАРНОТО: : Според најавите на Анѓушев, гледам се подготвува шемата некој дебело да се “омрси“, навистина се работи за голема сума на пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сашо Ордановски, кој е еден од најгласните поддржувачи на партијата на Зоран Заев, излегува со жестоки критики за работата на актуелната влада предводена токму од лидерот на СДСМ.

Во врска со информациите за поскапување на парното и калориметрите за парното греење кои треба да ги плаќаат граѓаните, Ордановски потенцира дека Владата подготвува шема за некој дебело да се “омрси“.

-Според најавите на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев, гледам дека веќе се подготвува шемата за тоа како некој дебело да се „омрси“ од купувањето на калориметрите за парното греење. Оти, ако се плус/минус 50 евра од радијатор, навистина се работи за голема сума на пари – што, на крајот, ќе ја платат граѓаните, ја од свој џеб (можеби, додуше, на рати, преку покачените сметки за парно, што да ти била една голема поволност!), ја преку државниот буџет, односно од „задниот“ џеб на истите тие граѓани, само што така државата ќе има контрола врз тендерите за набавка на калориметрите. Сигурација, пишува тој во својата најнова колумна.

БЕГ најавува дека парното ќе поскапи за 30% . Во изјава за Алсат, од компанијата велат дека за да плаќате иста сметка, по воведувањето на калориметрите ќе треба да го загревате домот 30% помалку.

Корисник кој живее во просечен стан од 60 метри квадратни ќе почне да остварува финансиски заштеди доколку заштедите на топлинска енергија изнесуваат над 30% на годишно ниво, односно при 30% заштеда на енергија, финансиската заштеда изнесува 0%. За остварување 35 отсто заштеда на енергија потребно е просечната собна температура да се намали за 5 степени Целзиусови, што е под стандардите за здраво живеење.“ – велат од Бег за Алсат.

Од Владата велат дека граѓаните мора да почнат да штедат бидејќи така е во цел свет.

„Да се намали со поевтини енергенси, да се намали со изолација. Значи цел свет оди во тој правец, не можеме ние да одиме дивергентно. Како сега, ние што да речеме? Трошете енергија, нема проблем, не треба да мислите на изолација на куќите, не треба на ништо да мислите, само евтина енергија трошете“, вели Анѓушев за Алсат.

Калориметрите според пресметките ќе чинат по 300 евра по стан. Од Владата најавија дека товарот нема да падне на граѓаните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This