НЕМАЛО ПАРИ: ГТЦ ќе добие панорамски лифт кој чини 95.512 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 5.874.040 денари или 95.512 евра ќе чини панормскиот лифт кој ќе води до зелениот покрив во Градскиот трговски центар. Акционерското друштво склучи договор со фирмата „Сезал“ за набавка и монтажа на панорамски лифт, кој беше најавен во рамки на проектот за зазелување на покривот на овој објект, пренесува Фокус.

Според договорот на ГТЦ со фирмата лифтот ќе биде со четири станици, носивост од 1000 кг и стаклен од три страни.

Инаку, проектот за зазеленување ќе го опфати покривот на ГТЦ кој гледа кон Плоштад Македонија. Предвидено е да бидат зазеленети 1.800 квадратни метри така што ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови други садници. Меѓу другото се предвидува поставување на фонтани, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, клупи и паркинзи за велосипеди.

Изградбата на зелениот покрив ќе чини околу половина милион евра. Инаку, покривот на ГТЦ е една од најтоплите точки во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This