НЕМА ВЕЌЕ ВТОРОКЛАСНИ ПРОИЗВОДИ: Европарламентот изгласа зaбpaна за различен квалитет на производите во источниот и западниот дел на Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот парламент вчера ја изгласа зaбpaнaта за различен квалитет на производите во Европската унија.

Ова “става крај” на двојните стандарди кои се применуваат од страна на прехранбените компании за продажба на производи со различен квалитет под ист бренд во источниот и западниот дел на ЕУ. Оваа одлука воведува нови правила за транспарентност на рејтингот и оценките на интернет.

-Со новата зaбрaнa се појаснува како потрошувачите да се справат со двоен квалитет на производот, а казните можат да бидат до четири проценти од годишниот промет на трговецот, рече Европскиот парламент. Директивата, која беше одобрена од парламентот со 474 гласови “за”, 163 “пpoтив” и 14 “воздржани”, сега ќе се достави за одобрување до Советот на министри на ЕУ.

Земјите-членки ќе имаат право за 24 месеци од денот на влегувањето во сила на оваа Директивада ја вметнат во нивното национално зaконодавство.

Новиот зaкон, веќе договорен со министрите на ЕУ, ги ажурира правата на потрошувачите во согласност со потребите на новата интернет-доба, со што се гарантира дека потрошувачите ќе имаат повеќе информации за тоа како системот ги оценува производите на Интернет и дали тие имаат влијание на платеното рекламирање .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This