Дачиќ paспали: Нема да дозволиме етничко чистење на Србите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, Ивица Дачиќ, по повод инцидентот на Косово, изјави дека вистинското прашање е дали ЕУ мисли дека Бриселскиот договор од 2013-та година е актуелен или не, порачувајќи дека Србија нема да дозволи етничко чистење на Србите на Косово, како што тоа го направила Хрватска.

Дачиќ вели и дека сето ова му делува како обид на Приштина да ги тестира можните реаоции на бруталното газење на сите точки од Бриселскиот договор.

„Тие сакаат да видат како ЕУ ќе реагира на примена на сила и дали тоа ќе им помине. Сигурен сум дека во нивните глави има уште многу акции и инциденти кои би сакале да ги изведат. Претседателот Александар Вучиќ беше јасен – обврска на КФОР, односно НАТО, е да ја гарантира безбедноста во склад со резолуцијата 1244. Ние јавно предупредуваме дека Србија нема да дозволи ново етничко чистење на Србите на Косово и Метохија, како што Хрватска направи со Република Српска Крајина. Тоа е предизвикување, не на регионална, туку на нова светска криза“, рекол Дачиќ за Танјуг.

Проблемот на граничните премини на северот на Косово, Јариње и Брњак, избил поради автомобилски таблички, односно одлуката на косовската влада дека мора да се отстранат табличките од автомобилите кои имаат српски таблички со ознаки на косовски градови. Имено, во Србија и натаму се произведуваат автомобилски таблички со ознаки на косовски градови на кои се става грбот на Србија. Сопствениците на автомобилите добиле рок автомобилите да ги регистрираат со важечки косовски таблички, а косовските специјалци започнале акција за отстранување на српските таблички од автомобилите.

Дачиќ порача дека проблемот со табличките треба да се реши со дијалог, а не со примена на сила.

„Тука централното прашање, а мислам дека Приштина сама од себе нема да се откаже од ваквите акции, е дали меѓународната заедница ќе се позанимава со ова прашање или ќе ја заврти главата? Да бидам јасен: Јас сум против прекин на било каков дијалог. Србија не смее тоа да го направи, но Србија мора да бара од ЕУ да се изјасни дали стои зад Бриселскиот договор”, рекол Дачиќ и додал дека Косово отсекогаш сакало својата таканаречена независност да ја изрази со своите таблички и со непризнавање на српските документи.

За него, како што вели, е несфатливо што толку години по потпишувањето на Бриселскиот договор само Србија го почитува договореното.

„Несфатливо е што само Србија е конструктивен фактор, а другата страна одбива да го примени тоа што е наша причина за прифаќање на тие договори – формирање на Заедница на српски општини. ЕУ ниту слуша ниту се огласува. Се однесуваат во склад со познатите добитници на светски награди кои повикуваат на мир во светот. Постојано ги предупредуваат двете страни. Веројатно треба да ја предупредат или санкционираат страната која го крши Бриселскиот договор. ЕУ е гарант на договорот, но каков е нивниот кредибилитет ако не можат да застанат зад него? Имаме големи сомнежи во тоа дека ЕУ ќе го притисне Курти“, рекол Дачиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This