НЕМА ДА СЕ ПЛАЌААТ СМЕТКИТЕ ПОСТАРИ ОД ДВЕ ГОДИНИ: Нов закон за заштита на потрошувачите на вода и електрична енергија во Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Црна Гора повеќе нема да треба да ги платат долгови постари од две години за повторно да се приклучат на водоводната или електричната мрежа, се предвидува со новиот Закон за заштита на потрошувачите што го претстави црногорската влада.

Јово Рабреновиќ од Министерството за економија, според порталот ЦДМ, изјави по седницата на Владата дека новиот закон ќе ги заштити граѓаните во Црна Гора, објави Танјуг.

Според Рабреновиќ, граѓаните ќе бидат заштитени, така што компанијата, ако сака да го гони потрошувачот, нема да може да го исклучи струјата, водата, доколку сметките се стари повеќе од две години.

„Ова значи дека повеќе нема да биде услов за граѓаните да платат долг што е постар од две години, за на пример, повторно да им се вклучи вода или струја“, објаснува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This