НЕМА НИШТО ГАГА: За бесплатна инвертер клима ќе треба да ја предадете печката на дрва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој граѓанин кој ќе сака да добие сто-постотна субвенција за замена на печката на дрво со високо ефикасен инвертер ќе потпише договор со општината каде живее и ќе се обврзе дека ќе го даде грејното тело кое е на дрва, а на сметка на тоа ќе користи високо ефикасен инвертор, изјави денеска заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, објаснувајќи ја новата мерка на Владата со која во износ од сто проценти од цената ќе се субвенционираат инвертер клими.

Како што рече Макрадули, со потпишувањето на договор со Општината, граѓанинот ќе се обврзе дека во неговиот дом може да се направи контрола за да се провери дали ја користи климата. За секоја злоупотреба, рече тој, ќе има санкции.

-Никогаш не е доцна за добра мерка. Оваа мерка зависи од финансиските средства и мора да се склопи како законско решение, ќе бидат предвидени стандардите, нема да дозволиме инвертори без гаранција – рече Макрадули додавајќи дека Данска субвенционирала по 530 евра за оваа мерка, Германија по 1.000 евра, а дека мерката се спроведува и во Полска, Чешка, Словачка и Бугарија.

-Предност ќе имаат ранливите семејства и зоните кои се осетливи, како Ново Лисиче. Досегашниот топлотен комфор ќе биде заменет со два инвертори, а вредноста на тој систем е околу 1000 евра – рече Макрадули.

Одлуката за висината на буџетот за спроведување на мерката допрва треба да се донесе, а приоритет ќе им се даде на жителите од најзагадените градови како Скопје, Тетово, Кичево и Битола.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This