НЕМА САМО СКОПЈЕ ПРОБЛЕМ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ: Во Тетово и Гостивар евидентирани низа на нападнати граѓани од кучиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој ден во Тетово и Гостивар и околните села се зголемува бројот на кучињата скитници. Повеќето од нив се преносители на разни заразни болести – велат лекарите од тетовскиот ургентен центар каде за само една недела, хоспитализирани биле две лица каснати од кучиња-скитници, пренесува Алсат.

“Ако кучето е веќе болно од беснило, тогаш ризикот за каснатиот човек е околу сто отсто да умре. Минатата недела имавме два случаи. Првично, ги лекуваме во Тетово,по што ги пративме на инфективна каде добиваја антитетанус терапија и заштита од беснило”, вели лекарот Арменд Сејдини.

Гостивар веќе има формирано центар за кучиња скитници. Во Тетово се уште нема ваков стационар.

“Веќе го изградивме центарот за стерилизација и кастрација на кучиња. Тоа е во касарната на градот и чекаме дозвола да почне со работа”, рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

“Управата за менаџирање на полошкиот регион работи на проект да се најде регионално за кучињата скитници и според информациите што ги имам, следниот месец ќе биде отворен тендер за формирање центар за собирање на кучиња“, рече Џелал Цека- Директор на ЈКП “Тетово”.

Жителите велат дека општините треба да преземат итни мерки.

“Има, многу има, надлежните треба да ги отстранат кучињата. Треба да ги фатат, да ги хранат некаде, а не да ги остават на улица”.

“Децата се плашат од кучиња. Тие треба да се отстранат и да ги однесат некаде, но се чини дека надлежните не се интересираат за ова”, реагираат жителите.

И во канцеларијата на ТВ “Алсат” во Тетово, често се пријавува бело комбе со скопски регистраски таблички, како на влезот на градот пушта кучињата скитници. Полицијата е известена и го истражува случајот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This