Нема скара и семеен ручек за Велигден, месо се купува само по еден килограм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицискиот час за време на велигденските празници ги остави граѓаните без традиционалниот семеен ручек со најблиските. Постарите родители кои секоја година го собираа семејството на ручек и купуваа по половина јагне, прасе или јагнешки бут сега купуваат само по еден килограм колку за адет. Во месарниците годинава има месо, ама нема купувачи велат дека и тие што ќе дојдат купуваат само по еден килограм кртина или половина килограм мелено месо кое е најевтино.

Месарниците годинава се полни со месо јагнешко, свинско, телешко, но нема купувачи. Цените на месото не се покачени, но поради ситуацијата со корона вирусот побарувачката е многу намалена. Никој не купува полутки и бутчиња, бидејќи поради продолжениот полициски час годинава за Велигден нема да има скара и фамилијарен ручек. Се купува само по еден килограм месо колку да се одбележи празникот. Цените за килограм јагнешко се исти како лани и се движат од 300 до 350 денари во зависност од видот на месото бут, плешка, со коска, без коска …

Месарите велат дека прометот многу им се намали поради затворањето на рестораните и кафеаните во градот кој биле нивни главни купувачи.

-Поради полицискиот час за време на велигденските празници не се купува месо како лани. Редовните муштерии кој секоја година ми порачуваат и купуваат по половина јагне, сега купуваат само по еден килограм колку да им замириса куќата на јагнешко. Велат дека нема да и дојдат ќерката и синот на ручек па за нив и тоа е доволно. Годинава ми остана и свинското и телешкото месо не знам што ќе му правам ако не се продаде до Велигден, вели за весникот ВЕЧЕР, месарот Александар од една скопска месарница.

Тој додава дека полицискиот час кој секој ден започнува во 16 часот многу влијае на прометот во месарниците. Секој после работа ќе помине и ќе купи месо за ручек, сега сите работат до 15 часот, а кога се враќаат од работа месарниците се веќе затворени.

-Лани пред Велигден продавав по 40 јагниња и по 20 до 30 свињи, сега се надевам дека ќе продадам барем 10 јагниња и 8 свињи. И јас не набавувам поголеми количества, бидејќи поради полицискиот час, кој траеше цел викенд, се плашев да не ми се расипе месото. Најмногу ми се троши меленото месо кое е најевтино, бидејќи во овие тешки времиња секој сака да заштеди и да помине поевтино, вели месарот Аце.

Месарите велат дека јагнешкото го набавуваат од кланиците кои им го продаваат по иста цена како лани и покрај тоа што годинава откупната цена е многу ниска. Сега само кланиците заработуваат. Сепак тие се надеваат дека последните денови пред Велигден домашните купувачи колку-толку ќе успеат да им ги ублажат маките.

Од месарниците велат дека ги почитуваат препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство за соодветна заштита при продажба на месото во услови на пандемија. При купувањето влегува само по еден муштерија, а на самиот влез има средство за дезинфекција на рацете. Вработените носат заштитни маски и ракавици, така што граѓаните немаат проблем во тој дел, додаваат од месарниците.

Vecer.press

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This