April 30, 2024, 10:35 am

НЕМА СТУДЕНТСКИ ДОМ ВО ШТИП: Уште едно предизборно ветување се потроши во храна и пијалоци за градоначалникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Штип се сведоци на уште една предизборна лага на СДСМ. Студентите извисија, односно СДСМ воопшто не планира да гради студентски дом во Штип, за кој толку многу ветуваше во предизборната кампања. Тие на студентите им ветуваа нова зграда односно дом, до крајот на 2017 година, но новиот градоначалник Благој Бочварски не обезбеди пари во буџетот за истиот. Тоа значи дека изградбата на студентски дом не е ставена во програмата на градоначалникот. Но, затоа со парите на граѓаните ќе се купува мебел и пијалаци за потребата на општината, во висина од 1.350.000 денари.

Студентите се револтирани бидејќи се измамени од страна на СДСМ кои ветуваа дека нивната влада веднаш ќе се зафати со решавање на катастрофалните состојби наводно “наследени од лошото 10-годишно владеење” на претходната. И Петар Атанасов од СДСМ тогаш ги уверуваше студентите дека промените ќе се случат и дека студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом. Но, еве и во 2018 година сеуште никакви проекти и планови за тоа.


Според граѓаните на Штип ова е само уште една од лагите и празните предизборни ветувања на СДСМ. Изградбата на Студентски дом е чисто лицемерие, предизборно поскапување на гласачите, популистичка пропаганда, евтин трик и манипулација, со еден збор куп лаги.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This