НЕМИРИ ВО АТИНА: Полицијата фрли солзавец врз демонстратите кои протестираат против договорот – Самарас зборува за капитулација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На плоштадот Синтагма во Атина за време на протестите против договорот меѓу Грција и Македонија за решавање на спорот, дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, додека во близина на Собранието трае расправата за доверба на владата за време на која грчкиот премиер Андонис Самарас го обвини актуелниот премиер Алексис Ципрас, на ” капитулација “.

АНА објави дека полицијата употребила солзавец за да одвратат група демонстранти, а затворени за сообраќај се и две авении во овој дел на грчкиот главен град.

Демонстрантите носат знамиња на Грција и на оние со ѕвездата од Кутлеш.

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи, а организаторите повикаа демонстрантите да се соберат масовно утре во преспанскиот регион, каде што беше најавено дека на премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе го потпишат договорот.

Во грчкиот парламент по дискусијата пратениците ќе гласаат за доверба на Владата на Алексис Ципрас..

АНА потсетува дека Самарас беше министер за надворешни работи на Грција, кога проблемот со Скопје за името прв пат се појави во деведесеттите години на минатиот век и во голема мера ја одреди насоката на политиката на Атина во овој момент во децениите што следеа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This