НЕОБИЧЕН ФЕНОМЕН: Повеќе од десет години се нема родено машко бебе во ова полско село

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во селото Миејсце во Полска владее необичен феномен бидејќи дури повеќе од една деценија се нема родено машко дете, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Поради оваа несекојдневна ситуација градоначалникот нуди награда за оној пар којшто ќе има машко дете, а научниците сè повеќе се интересираат да го испитуваат овој феномен.

Овој феномен за првпат го привлекол вниманието на полските медиуми кога селото испратило тим од девојчиња на регионален натпревар за млади волонтерски пожapникари. Оттогаш, градоначалничката Кристина Зиндиак вели дека ситуацијата во селото „станала малку лyда“.

Некои научници изразија интерес да испитаат зошто тука се раѓаат само девојчиња – вели Рајмунд Фришко, градоначалник на општината Цисек, во која спаѓа и селото.

Фришко се одлучил да понуди награда за следната двојка која ќе има момче.

Многу се зборува за оваа појава во селото, размислувам да именувам и улица по првото момче коешто ќе се роди. Тоа дефинитивно ќе добие многу убав подарок. И ќе посадиме даб и ќе го именуваме по него, вели градоначалникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This