Необичен ekcперимент: Ќе добиваат 1200 евра месечно, а не треба да прават ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Германија започнува експеримент за безусловна редовна месечна исплата, минимум 1.200 евра, за избрана група граѓани, а целиот проект ќе го следат економски експерти и научници.

Повеќе од два милиони луѓе се пријавија да учествуваат во проектот, кој ќе трае три години, но на крајот беа избрани 122 лица.

Од 1 јуни годинава, и во следните три години, тие ќе добиваат основен приход месечно, односно „минимум“ од 1.200 евра, што е дел од пилот-проект чија цел е истражување на ефектите од безусловниот основен приход, пренесува Дојче веле.

Учесниците не мораа да докажат дека имаат потреба од пари, за време на проектот им е дозволено да прават што и колку сакаат, немаат никакви обврски кон финансиерите, освен „да пополнат седум прашалници на Интернет во рок од три години“ за времетраењето на експериментот, според се на веб-страницата на проектот.

Дополнителни 1.380 случајно избрани лица, исто така, ги пополнуваат прашалниците на секои шест месеци, но тие нема да ја добијат главната гарантирана сума од 1.200 €, туку само надоместокот за времето што ќе го поминат за пополнување на овие формулари.

Парите за проектот ги обезбедија околу 150.000 приватни донатори, а оние што ќе добијат 1.200 евра во следните три години нема да мораат да пријавуваат данок, бидејќи според предлозите на експериментот, станува збор за „донирани пари во износ од 43.200 евра по учесник“, вкупно околу 5,2 милиони евра, пренесува Танјуг.

Иницијаторите на овој експеримент од здружението „Мој основен приход“ се убедени дека безусловната исплата на пари на сите граѓани би решила многу проблеми на денешното општество.

Тие веруваат дека луѓето стануваат послободни, покреативни и посреќни ако се ослободат од притисокот дека треба да заработат доволно пари за да преживеат.

„Ќе тестираме што прават луѓето кога ќе бидат финансиски обезбедени за период од три години. Се прашуваме дали тие само ќе ги потрошат тие пари или ќе создадат финансиски резерви? Дали ќе престанат да работат или ќе работат помалку и дали ќе станат социјално ангажирани и ќе решат да донираат дел од парите“, објасни водачот на овој експеримент, Јирген Шуп од германскиот институт за економски истражувања.

Дебатата за безусловниот основен приход низ годините главно се водеше од спротивставени идеолошки позиции, а иницијаторите сметаат дека е од суштинско значење да се утврди – што прават луѓето кога не треба да работат?

Многу противници на оваа идеја веруваат дека тоа е левичарска утопија и фантазија на оние кои сакаат да бидат мрзливи на сметка на заедницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This