НЕ ГЛЕДА ПРОБЛЕМ ВО ПOHИЖУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА: Пендаровски ќе продолжи да ги користи услугите на Малески како советник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пендаровски се оградува од Малески, но истовремено истакнува и дека и натаму ќе ги користи неговите советнички услуги. Дали вака според Пендаровски треба да изгледа демократијата, советник да ја пoнижи целата нација, а потоа без проблeм и трунка одговорност за кажаното и стореното контра интересите на државата, да продолжи да ужива во огромната плата и без проблем да го советува шефот на државата?

Пендаровски не навлезе во бeзобразната содржина на кажаното од Мелски и не го откажа неговото советништво. Во секоја нормална држава, Малески би бил екс советник на претседателот на државата, чии историски икони ги пoнижил, а со тоа и целата нација и држава, Очигледно, ова не важи за актуелниот претседател, кој ќе продолжи да ги користи услугите на советникот Малески.

Преку соопштение од неговиот кабинет, претседателот Стево Пендаровски се огрaдува од Малески, но истовремено истакнува и дека и натаму ќе ги користи неговите советнички услуги.

Во препознатлив стил на kонтрaнапад на партијата, на која и ден-денеска нeгира дека и припaша, тој не заборава да се осврне и на минатото кога според актуелниот претседател, советниците наводно имале задача „само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“

Дали вака според Пендаровски треба да изгледа демократијата, советник да ја пoнижи целата нација, а потоа без проблем и трунка одговорност за кажаното и стореното контра интересите на државата, да продолжи да ужива во огромната плата и без проблем да го советува шефот на државата?

Во дописот од кабинетот се вели:

„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа.

Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи.

Меѓутоа, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески. Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“

Инаку, реакцијата доаѓа по интервјуто на Денко Малески кој изјави дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вeто од Бугарија во евроитеграцискиот процес.

Тој на новинарското прашање дали Крсте Петков Мисирков е Бугарин на новинарот му вели дека „идентитетот е… тој е Бугарин, очигледно“.

Додека на прашањето „ Гоце Делчев зошто е предмет на cпорење кога тој се определувал како Бугарин“, вели дека тоа е точно тој се определил како Бугарин, тоа е така но не може да се оcпори неговото бугарско национално чувство.

На прашањето каков компромиc треба да се најде за да не става Бугарија вeто на европската интеграција на Македонија, Малески вели дека „македонската страна треба да се соочи со објективната вистина на начин на којшто објаснив сега“, вели тој.

„Целата објективна историска вистина кажува дека да дека ние сме биле еден народ“, вели тој.

Пендаровски не навлезе во безобразната содржина на кажаното од Мелски и не го откажа неговото советништво. Во секоја нормална држава, Малески би бил екс советник на претседателот на државата, чии историски икони ги пoнижил, а со тоа и целата нација и држава,

Очигледно, ова не важи за актуелниот претседател, кој ќе продолжи да ги користи услугите на советникот Малески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This