April 27, 2024, 10:42 pm

Не е точно дека скафандер прaтеничката влегла низ посебен ходник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во собранието на Република Македонија се одвиваше скандал од невидени размери кои што здравјето беше загрозено, не само на пратениците, туку и на сите собраниски служби, новинарите кои што беа тука присутни, и воопшто не е точно дека пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска влегла по други патеки. Влезот во собраниската салата каде што сега се одвиваат пленарните седници е во ист ходник каде што од десната страна има врата за да се качат во кабините, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма.

-Влезот низ кој што таа влезе, а за тоа видовме има снимки е истиот оној влез каде шт влегуваат и новинарите и останатите пратеници. Ова е вирус кој се пренесува во воздухот. Кој ни гарантира нас, колешката Жаклина Пешевска вчера кажа дека кога влегла и било кажано да не се движи по тој пат, да не се вози со тој лифт. За какви протоколи зборуваме и на кои протоколи се повикуваме воопшто? Како може за некој закон да важи, а овде законот да не важи, праша Стојаноска.

Стојаноска посочи дека вчерашното гласање воопшто не може да се нарече херосјтво, во време кога во Македонија има починато над 4.000 граѓани од корона вирусот, како и дека за пратениците на власта не важат законите.

-И што е најскандалозно од сето ова, апсолутно немаше од изигрување на вакво “херојство“. Ова не е херојство, ова е само доказ дека власта покажува дека за неа не важат никакви закони. Во Макеоднија имаме починато преку 4.000 граѓани. Во Македонија секој стравува за сопственото здравје и за на своите блиски, а само за пратениците на власта не важат никакви закони, никакви протоколи, а еве сега и измислуваат некакви протоколи, објасни Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за двајцата пратеници, додвајаќи дека нејзино лично мислење е дека за ваквото неодоговрно однесување треба да одговара и претседателот на македонското собрание кој го загрозил здравјето и на пратениците и на вработените во службите.

-Кривичните пријави ќе бидат поднесени за пратениците, рече Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This