НЕ МОЖЕМЕ ПРОТИВ ТОА: Сите имаме некој кого го немаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите имаме дел од душата кој некогаш одамна некаде останал кај некоја друга личност. И против тоа не може да се бopaт ни дождовите, ни ветровите, ни годините, ни друга среќа, ниту тaгата. Тоа едноставно е така. А можеби и така и треба да биде. Нема човекот толку памет.

Сите имаме некој кој е далеку, некој чии гради некогаш биле наше гнездо за леkување на рaните и хранење на стpастите. Некој кој повеќе не е дел од нашите животи, а можеби и никогаш не ни биле дел од нашите животи, но ние сме имале чувство дека се. За нас, тие луѓе биле сѐ.

Тоа се луѓе за кои точно знаеме колку бемки имаат на телото и каде се распоредени. Луѓе чии усни знаеме да ги нацртаме и во сон. Се сеќаваме на нивниот мирис како вчера да сме ги прегрнале. Луѓе со кои, понекогаш, како со стар пријател со кој не сме се виделе некое време, зборуваме во тишина. Кога ќе помислиме на нив, веднаш ни се појавува насмевка на лице, која не може да се смести во ниту една категорија.

Сите имаме некој кој истовремено ни бил и среќа и тага. Тоа се луѓе за кои сме посакувале да ни било судено, а не ни било. И тоа нема врска со тоа што на крај така требало да биде, што реалноста е сосема поинаква и што постои причина зошто „тоа не е тоа“, нема врска со рационалноста. Затоа и го имаме тоа чувство. Тоа е некој кој засекогаш ќе биде туѓ, а сепак наш…

Тоа е личност која секогаш ќе ни измамува воздишка додека зборуваме за минатото. Иако сме среќни со некој друг и имаме дом со таа личност. Тие се нашите вистински луѓе. Но, таа душа која постои некаде таму, таа е душата за која сме мислеле дека е нашата сродна душа. И сме биле подготвени да направиме сѐ, незнаејќи дека кога „тоа е тоа“, тогаш не треба сѐ, тогаш не треба ништо, тогаш само душите се поклопуваат и стануваат едно срце, две тела.

Сите имаме личност чија слика ја чуваме без оглед на тоа што во главата имаме цели албуми. Сродна душа за чија насмевка би ја продале и душата на самиот ѓавол. Чии допири ја палеле нашата кожа како оган. Чии зборови правеле да ни расте душата и да се прелева преку работите. Некој кој нѐ болел, иако можеби и не го знаел тоа, а не ни можел да го знае. А можеби и знаел, но тоа и не е важно. Останува да биде само некој кого го немаме, а можеби и никогаш не сме го ни имале. Но, нам ни бил и почеток и крај, некој чиј поглед засекогаш останал врежан во душата.

Тоа се луѓе на кои сме им пишувале писма, а никогаш не сме ги пратиле. Луѓе со кои во нашите мисли заедно сме проживеале еден цел живот. И во нашата глава сѐ одело убаво и глатко. Само затоа што ние сме сакале така.

Сите имаме некој кого го немаме…

И на тоа може да нѐ потсети еден обичен есенски ден, глас на случаен минувач или песна на радио.

Па застанува мислата, застанува времето. Па потоа повторно назад, на старото, во својот живот…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This