„Не можеме пacивно да чекаме нaпaд“: Грција гради ѕид на границата со Турција за да го спpeчи мигрaнтскиот бран од Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција денеска објави дека ја заврши изградбата на уште 40 километри ограда на границата со Турција и дека е започнат нов систем за надзор, во време кога се зголемува загриженоста дека падот на Авганистан во рацете на Талибанците ќе предизвика нов бран мигранти кон Европа, пренесуваат регионалните медиуми.

Ситуацијата во Авганистан, во Европа ги поттикна стравувањата за повторување на мигрантската криза од 2015 година кога речиси милион луѓе избегаа од Блискиот Исток во Европа, патувајќи низ Турција и Грција.

„Авганистанската криза создава можност за мигрантски бран. Не можеме пасивно да го чекаме потенцијалниот напад”, рече грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис по посетата на северниот пограничен регион Еврос со министерот за одбрана и военото раководство.

„Нашите граници ќе останат безбедни и непробојни“, нагласи тој.

Хрисохоидис рече дека ново проширување на оградата, на постојните 12,5 километри, е изградено во последниве денови, кога беше воспоставен и високотехнолошки систем за автоматско набљудување.

Владата најави продолжување на оградата минатата година, кога десетици илјади баратели на азил се обидоа да преминат од Грција во Турција, откако Анкара објави дека повеќе нема да ги спречи во тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This