„НЕ ТРОШЕТЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ“: Реакција на амбасадата на САД по распадот на косовското собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на САД во Приштина реагираше по распадот на косовското собрание. Амбасадорот Филип Коснет, во објавата на Твитер, рече дека Собранието презела многу важен чекор во креирањето на новата Влада.

„Собранието презеде важен чекор напред кон формирањето на новата влада. Кампања во која кандидатите нудат нови идеи за разговори со Србија, владеењето на правото и економскиот развој ќе осигурат дека Косово не троши уште повеќе време на градење на темелите за иднината“, рече Коснет.

Денес 89 пратеници гласаа за распуштање на парламентот, што ја води земјата на предвремени избори. После тоа, главниот фокус е на претседателот кој по консултациите со политичките партии се очекува да распише предвремени избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This