Низ Скопје горат бадникарски огнови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва почнуваат бадникарските и божикните прослави, скопјани традиционално на голем број места запалија бадникарски огнови на отворено. Не ги спречи ниту одлуката на градоначалниците да не даваат дрва .

-Средбите почнуваат со собир покрај бадниковиот оган, потоа продолжуваат со фудбалски натпревари. Нашето маало има шест екипи во фудбал, потоа, во недела играме традиционална фанта, па свечена вечера, јубилејно во „Холидеј Ин“ и имаме пикник кон крајот на мај, покрај Вардар, кај спортското игралиште, раскажува Панчевски.

Избран е и новиот кум на Маџирмаалските средби – од единаесет кандидати, паричката се паднала кај жител кој е од Маџир Маало, но во моментов не живее таму. Инаку, за ситуацијата меѓу загадувањето и чувањето на традицијата, Панчевски вели дека традицијата мора да продолжи и дека тоа го посакуваат сите маџирмаалци.

-Пред три недели Скопје беше загадено. Сега веќе нема ПМ честички. Од нашиот оган нема да се загади Скопје, така што ова е капка во морето. Традицијата мора да продолжи, трае веќе 35 години и ќе продолжи понатаму, до 100 години ќе тераме, вели Панчевски.

На прославата во Маџир Маало присуствуваше и градоначалникот на о. Центар Саша Богдановиќ, кој им го честиташе големиот христијански празник на верниците.

Градоначалникот на Центар вели дека обичајот, иако не е верски, е традиција на собирање на луѓето и тешко е да се забрани, но општините не доделуваат дрва и апелираат до граѓаните наместо да ги палат тие што ги имаат, да им ги даваат на сиромашните семејства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This