Николовски: Битолчани, гласајте за Христо Кондовски тој е народен човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Битолчани, гласајте за Христо Кондовски, тој е народен човек, со него Битола е во сигурни раце, тоа е човек кој има капацитет да ја води Битола напред, повика денеска генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Шефот на ЦИШ на СДСМ Николовски посочи дека Кондовски ќе му служи на народот и затоа треба да се заокружи бројот 12 на гласачкото ливче.
– Нема време за импровизации. Битолчани заслужуваат да живеат и работат во град кој нуди просперитет. Затоа ја барам и вашата поддршка за Христо. Во недела гласајте за нашата земја да продолжи да се нормализира, да се стабилизира и никогаш повеќе да не се врати назад режимот. Во недела заокружете го бројот 12 затоа што само така ќе останеме на вистинскиот, стратешки колосек, порача Николовски.
Николовски нагласи дека Локалните избори се историски важни и затоа е потребна поддршка за СДСМ и коалицијата.
– СДСМ ја донесе слободата. Ќе продолжиме со уште позасилено темпо, со многу поголема ефикасност во служењето на граѓаните, со сериозни промени во односот и испораката на услуги од страна на институциите, од функционерите до вас граѓаните, изјави Николовски.
На 31 октомври изберете отворени, достапни и чесни политичари кои му служат на народот како што тоа е Христо Кондовски, идниот градоначалник на Битола, истакна шефот на ЦИШ на СДСМ, Љупчо Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This